Основи на бизнис аналитика

Наслов на наставниот предметОснови на бизнис аналитика
Код MST 220
ПрофесорВонреден професор д-р Виолета Цветкоска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да извлекуваат сознанија од податоците врз основа на кои ќе можат да носат одлуки базирани на факти
  • Да користат популарни аналитички методи и техники за бизнис одлучување
  • Да користат софтверски алатки за анализирање, моделирање и визуелизирање на податоци

Содржина на предметната програма:

Целта на овој предмет е да ги подготви студентите со вистински вештини за да можат да донесуваат одлуки базирани на податоци и да бидат движечка сила за примена на аналитиката во организациите. Студентите ќе работат на реални сетови на податоци и екстензивно ќе користат софтверски алатки за моделирање и визуелизирање на податоци. Во предметот ќе се обработуваат аналитички методи и техники кои се однесуваат на четирите столба на бизнис аналитиката: дескриптивна, дијагностичка, предиктивна и прескриптивна. Акцентот на предметот е ставен на интерпретирање и комуницирање на добиените резултати во соодветен бизнис контекст.

Основи на бизнис аналитика – предметна програма 2022/23