Економија на трудот

Наслов на наставниот предметЕкономија на трудот
Код ECN 260
ПрофесорПроф. д-р Предраг Трпески
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

  • Разбирање и усвoјување аналитичката рамка на економијата на трудот и одредниците како дисциплина, одделните пристапи и практичните економски и социјални импликации
  • Знаење и разбирање на функционирањето на пазарот на трудот
  • Знаење и разбирање на детерминантите на понудата на труд, индивидуална, секторска и агрегатна
  • Разбирање на детерминантите на трудот, населението и алокацијата на времето
  • Знаење и разбирање на концептите на инвестиции во човечки капитал
  • Знаење и разбирање на детерминантите на побарувачката за труд- краткорочна при различни пазарни структури (состојби на конкурентност)
  • Совладување на доминантните концепти на фукнкционирањето на пазарот на труд – конкурентни структури, врамнотежување
  • Разбирање на принципите на регулација на пазарот на труд, државата, законодавството и регулацијата
  • Разбирање на импликациите од синдикалното организирање врз пазарот на труд и ефикасноста;
  • Совладување на доминантните теоретски пристапи во објаснувањето на невработеноста
  • Знаење и разбирање агрегатните аспекти на невработеноста и инфлацијата на краток и на долг рок
  • Совладување на концептуалните рамки на одделните пристапи и политики на вработеноста и политиките за решавање на проблемот на невработеноста
  • Разбирање на импликациите од одделните политики на кус и долг рок;
  • Способност да анализираат актуелни состојби на пазарот на труд

Содржина на предметната програма:

  1. Вовед во економијата на пазарот на труд – основни концепти и методологија
  2. Општ преглед на пазарот на труд
  3. Побарувачка за труд
  4. Еластичност на побарувачка за труд
  5. Резистентност на пазарот на труд
  6. Понуда на труд
  7. Компензирачки разлики во платите на пазарот на труд
  8. Инвестиции во човечки капитал
  9. Мобилност на работната сила
  10. Продуктивност и плати на пазарот на труд
  11. Институции на пазарот на труд
  12. Невработеност
  13. Нееднаквост на заработките на пазарот на труд
Економија на трудот – предметна програма 2022/23