Управување со маркетинг канали

Наслов на наставниот предметУправување со маркетинг канали
Код  МКТ 230
ПрофесорПроф. д-р Ежени Брзовска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет

  • Студентите треба да ја имаат осознаено терминологијата за маркетинг каналите;
  • Студентите треба да се способни за поврзување на теоретските концепти со деловната пракса поврзана со маркетинг каналите;
  • Студентите треба да ги анализираат и имплементираат соодветните аспекти поврзани со стратегиите во маркетинг каналите;
  • Студентите треба да се способни за управување и евалуација на маркетинг каналите
  • Студентите треба да ги анализираат предизвиците на омни – каналите.

Содржина на предметната програма:

Главниот фокус во наставата на овој предмет е управувањето со маркетинг каналите. Во се подинамичното окружување, од суштинско значење е создавањето на одржлива конкурентска предност преку создавање на оптимална комбинација на маркетинг канали. Во рамки на предметот, преку практични примери, се анализираат и идентификуваат стратегии за управување со маркетинг каналите. Со оглед дека станува збор за комплексен систем на односи во рамки во маркетинг каналитe, на часовите се детектираат причините за појава на конфликтите, како и изворите на моќ во маркетинг каналите. Преку реални практични примери, дискусии и стручни задачи се согледуваат и новите предизвици со кои се соочуваат маркетинг каналите, како што е нивната трансформација во нови форми, како резултат на развојот на дигиталната технологија, функционирањети во меѓународно окружување, актуелноста на франшизите и карактеристиките на маркетинг каналите во услужниот сектор.

  1. Системи на маркетинг канали
  2. Развивање на маркетинг каналите
  3. Стратегија и дизајнирање на маркетинг каналите
  4. Управување со маркетинг каналите
  5. Евалуација на членовите во маркетинг каналите
  6. Електронски маркетинг канали
  7. Франшиза
  8. Маркетинг канали за услужни дејности
  9. Меѓународни маркетинг канали
  10. Стратегија за омни – канали

Управување со маркетинг канали – предметна програма 2022/23