Бизнис комуникации

Наслов на наставниот предметБизнис комуникации
Код MGT 430
ПрофесорВонреден професор Никола Левков
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да подготват и да држат ефективни бизнис презентации и јавни говори
  • за ефективно слушање и меѓусебно разбирање во бизнис работење
  • да ги користат различните комуникациски стилови за остварување на успех во бизнисот
  • да избегнат вербална агресија и креирање конфликти во комуникацијата
  • да ја применуваат трансакционата анализа во комуникацијата
  • да организираат и водат бизнис-состаноци
  • да комуницираат ефективно по телефон
  • за пишување на неутрални, позитивни и негативни бизнис пораки
  • за ефективно преговарање и склучување на договори
  • за употреба на дигиталните алатки во бизнис комуникацијата

Содржина на предметната програма:

  • Улога, значење и опфат на деловното комуницирање
  • Модели и стилови на комуникација
  • Трансакциона анализа во комуникацијата
  • Ефективно јавно говорење и бизнис презентирање
  • Унапредување на вештините за слушање
  • Ефективна комуникација преку телефон
  • Стратегии за активно барање на работа
  • Пишувана комуникација во бизнисот
  • Невербална комуникација
  • Крос-културална комуникација
  • Водење на состаноци
  • Улогата на информациската технологија во комуникацијата
  • Стратегии за преговарање и склучување на договори

Бизнис комуникации – предметна програма 2022/23