Бази на податоци за бизнис

Наслов на наставниот предметБази на податоци за бизнис
Код EBU 310
ПрофесорПроф. д-р Сашо Јосимовски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • да ја разберат улогата на базите на податоци во претпријатијата;
  • да ги разберат основните концепти на базите на податоци;
  • да го разберат и применат процесот на дизајнирање и креирање на база на податоци;
  • да користат Microsoft Access како алатка за работа со релациони бази на податоци;
  • да ги разберат импликациите на интернет окружувањето и веб базираните апликации на базите на податоци.

Содржина на предметната програма: Местото и улогата на базите на податоци во претпријатијата и е-бизнис системите. Моделирање на бази на податоци. Дизајнирање на бази на податоци. Entity-relationship дијаграми. Нормализација на бази на податоци. REA модел на податоци. SQL. Дизајнирање и креирање на бази на податоци со Microsoft Access. Пребарување на база на податоци и креирање на извештаи. Бизнис интелигенција и откривање на ново знаење. За совладување на предметната материја, предвидено и обезбедено е користење на специјално опремена компјутерска лабараторија.

Бази на податоци за бизнис – предметна програма 2022/23