Европски економски интеграции

Наслов на наставниот предметЕвропски економски интеграции
Код INT 310
ПрофесорПроф. д-р Елена Макревска Дисоска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на предметната програма Европски економски интеграции е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на европските регионални интеграции, со фокус на функционирањето на Европската унија. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ги разликуваат значајните карактеристики и механизми на функционирање на разните форми на економска интеграција;
  • да ги разликуваат и одделуваат предностите од слабостите во функционирањето на регионалните интеграции; да стекнат знаење за процесот на регионално интегрирање на ЕУ од царинска унија, единствен европски пазар кон економска и монетарна унија;
  • да се стекнат со продлабочени знаења во поглед на заедничките политики на ЕУ;
  • да владеат со аналитичката апаратура за давање суд за способноста и подготвеноста на одредена земја-кандидат за пристапување во ЕУ;
  • да ги мерат предностите и недостатоците од пристапувањето во ЕУ на даден степен од развојот на економијата.

Содржина на предметната програма:

  • Предметот треба да даде основа за познавање на процесот на интегрирање од царинска унија, единствен европски пазар кон економска и монетарна унија што ја чини окосницата на функционирањето на ЕУ.
  • Предметот го објаснува истрискиот развој на ЕУ и предизвиците во нејзиното функционирање.
  • Се проучуваат интерните и екстерните политики на ЕУ.
  • Интерните се разгледуваат како хоризонтални (регионален развој, социјална политика, монетарна политика, даночна политика, политика на конкуренција) и секторски (индустриска, енергетска, транспортна, земјоделска).
  • Во екстерните политики посебен аспект е даден на надворешнотрговската политика, каде што се рагледуваат трговските односите на ЕУ со трети земји.
  • ЕУ е значаен фактор во економските и бизнис активности во Европа.
  • Оттука, односите со Југоисточноевропските земји се главен предизвик за Република Северна Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ.

Европски економски интеграции – предметна програма 2022/23