Наслов на наставниот предмет | Дизајнирање на бизнис процеси |
Код | EBU510 |
Професор |
Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Марина Мијоска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- да ја разберат архитектурата на бизнис процесите;
- да ги разберат методологиите за подобрување и редизајнирање на бизнис процесите;
- да ги дефинираат основните концепти и техники на дијаграми кои се користат за моделирање на организациите, процесите и активностите;
- да бидат запознаени со автоматизацијата на бизнис процесите и апликациите и техниките кои ги подржуваат.
Содржина на предметната програма:
- објаснување на потребата за процесен пристап наспроти функционален пристап при
организирањето на бизнис активностите на организациите; - дефинирање на бизнис стратегија, вредносна верига, стартешките теми на Портер и концептот на Treacy и Wiersema, објаснување на критериуми за приоритизација на бизнис процесни промени;
- процесна архитектура и процесен менаџмент на организациите – ниво на претпријатие;
- опишување на процеси преку дијаграми и типови на дијаграми- БПМН;
- менаџирање и моделирање на бизнис процеси;
- разработка на BPTrends методологијата на ниво на претпријатие и за редизајнирање на бизнис процесите
Дизајнирање на бизнис процеси – предметна програма 2022/2023