Наслов на наставниот предмет | Бизнис информациски системи |
Код | EBU560 |
Професор | Проф. д-р Сашо Јосимовски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- ги разберат и применат методите на развој и на дизајнирање на информациските системи;
- разберат како информациските системи и технологии ги поддржуваат стратегиските цели на компаниите;
- го разберат влијанието на информациските технологии на изборот на бизнис моделот на
претпријатието и на развојот на информациските системи; - ги разберат стратегиите за менаџмент со ИТ проекти;
- ги разберат техниките на процесно моделирање од аспект на развој на информациските системи;
- ги разберат напредните концепти на организација на податоци и нивното менаџирање.
Содржина на предметната програма:
- Воведување и компоненти на информациските системи;
- Информациски системи и технологии за креирање на стратегиска предност;
- Модели и методи на развој на информациските системи;
- Развој на информациските системи преку техниките на процесно моделирање;
- Менаџмент со ИТ проекти;
- Организација на податоци и нивно менаџирање.