Наслов на наставниот предмет | Економски раст и развој |
Код | ECN 320 |
Професор | Проф. Д-р Владимир Филиповски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
- Знаење и разбирање на повеќедимензионалноста на економскиот раст и развој: економска, социјална и политичка димензија.
- Знање и разбирање на квантитативните и квалитативните аспекти (долгорочната одржливост) на процесите на економскиот раст и економскиот развој.
- Разбирање и способности за аналитичка примена на методите и индикаторите за мерење на: економскиот раст, нерамномерноста во распределбата на доходот, квалитетот на институциите кои влијаат на економскиот раст и развој.
- Разбирање на разликите во нивоата на економскиот развој и остварените стапки на економски раст
- Знаење и разбирање на основните фактори на економскиот раст и економскиот развој: трудот, физичкиот капитал, човечкиот капитал, производните знаења и технолошките иновации.
- Разбирање на аналитичките аспекти и способност за оценка на импликациите на класичните, неокласичните и ендогените модели на економски раст.
- Знаење и способност за критичка евалуација на теориите на економскиот развој.
- Разбирање на елементите и способност за оценка на импликациите на различни стратегии на економскиот раст и развој: раст воден од извозот, супституција на увозот, стимулирање на образованието и човечкиот капитал, подобрување на квалитетот на институциите.
- Знаење и способност за аналитичка оценка на примената на макроекономските и микроекономските политики за постигнување забрзан и одржлив економски раст и развој
- Разбирање и способност за анализа на меѓународните аспекти на економскиот раст и развој:
- Влијанието на меѓународната трговија.
- Влијанието на меѓународните текови на капиталот, посебно на странските директни инвестиции.
Содржина на предметната програма:
- Дефинирање на концептите на економски раст и економски развој – квантитатвини и квалитативни димензии
- Мерење и индикатори за економскиот раст и економскиот развој
- Основни фактори на економскиот раст и развојот: население, земја и природни ресурси, инвестиции во физички и човечки капитал и во истражување и развој
- Модели на економски раст:
- Класичен модел,
- Модел на Харод и Домар,
- Неокласичен модел на Солоу,
- АК модели
- Ендогени модели на раст
- Теории на економски развој: класични и модерни.
- Класични теории
- Теорија на фазите на развојот
- Модели на структурни промени
- Теории на меѓународна зависност
- Неокласични теории
- Модерни теории
- Неуспех на координацијата и повеќекратни рамнотежи
- O-Ring теоријата на Кример
- Дијагностиката на растот
- Класични теории
- Квалитетот на институциите, институционалните реформи и економскиот раст и развој
- Макроекономските политики и економскиот раст и развој
- Меѓународните аспекти на економскиот раст и развој
- Значењето на меѓународната трговија
- Стимулирање на иновации и претприемништво
- Вложување во човечки капитал
- Стратегии на економски развој на земјите во развој:
- Индустријализација и модернизација на економската структура
- Супституција на увозот
- Промоција на извозот – раст воден од извозот
- Политики на стимулирање на економскиот раст:
- Стимулирање на иновации и претприемништво
- Вложување во човечки капитал