Оперативна стратегија

Наслов на наставниот предмет Оперативна стратегија
Код EBU580
Професор Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска
Предуслови за запишување на предметот Нема

Цели на предметната програма (компетенции):
Овој предмет ќе ги воведе студентите во дизајнот, имплементацијата и мерењето на извршувањето на
оперативната стратегија, со цел создавање конкурентска предност за една компанија.
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  • да ги идентификуваат главните елементи на оперативната стратегија и нивната поврзаност со
    синџирите на создавање додадена вредност и мрежите на вредност;
  • да користат систем за следење и мерење на извршувањето на оперативната стратегија;
  • да ги применат потенцијалите на информациските системи за поддршка на имплементирањето на
    оперативната стратегија во практиката;
  • да ги интегрираат и да ги усогласат одлуките на операциите во различни деловни единици на
    компанијата со стратегијата на компанијата.

Содржина на предметната програма:

  • Оперативна стратегија;
  • Принципи на оперативната стратегија;
  • Развој и импелементација на оперативна стратегија;
  • Оперативни перформанси;
  • Стратегија на мрежа на снабдување;
  • Оперативна конкурентност (од аспект на трошоци, флексибилност, квалитет, време, додадена вредност);
  • Имплементација на оперативната стратегија,
  • Следење и мерење на извршувањето на оперативната стратегија.

Оперативна стратегија – предметна програма 2022/2023