Наслов на наставниот предмет | Маркетинг-менаџмент |
Код | МКТ 310 |
Професор | Проф. д-р Анита Циунова-Шулеска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,:
- Студентот треба да биде оспособен да направи анализа на деловното портфолио на претпријатието.
- Студентот треба да биде оспособен да направи SWOT анализа врз основа на анализа на екстерната и интерната околина на претпријатието.
- Студентот треба да ја дефинира маркетинг-стратегијата и маркетинг-тактиката преку познавање на основните инструменти на маркетингот и концептите на сегментирање, таргетирање и позиционирање.
- Студентот треба да биде оспособен да донесува најдобри одлуки во врска со маркетинг-активностите преку испитување на финансиските и другите ефекти од тие одлуки.
- Студентот треба да ги разбира основните видови маркетинг-контрола и истите да ги примени во оценката на остварувањето на планираните резултати.
Содржина на предметната програма:
Намерата на наставата по предметот е студентите да добијат знаења од областа на управувањето со маркетинг-активностите, односно за маркетинг-околината и нејзината динамичност, маркетинг-планирањето, маркетинг-одлуките кои менаџерите ги донесуваат во врска со стратегиите, маркетинг-тактиките и маркетинг-контролата. Тргнувајќи од потрошувачот и неговите потреби и желби потребно е да се донесат правилни стратегиски и тактички маркетинг-одлуки како на ниво на претпријатие, така и на пониско организационо ниво за претпријатието во целост да одговори на барањата на потрошувачите.
- Разбирање на маркетинг-менаџментот
- Стратегиско и маркетинг-планирање
- Поврзување со потрошувачите
- Градење силни брендови
- Креирање пазарни понуди: дефинирање стратегии на производ и цени
- Испорачување вредност
- Комуникации во врска со вредноста
- Организација и контрола на маркетинг-активностите