Големи податоци и корисничко искуство

Наслов на наставниот предмет Големи податоци и корисничко искуство
Код EBU570
Професор Проф. д-р Сашо Јосимовски
Предуслови за запишување на предметот Нема

Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • да ги разберат концептите и појавата на големите податоци;
  • да ја разберат практичната потреба од анализата на големите податоци;
  • да го разберат пресудното значење на корисничкото искуство во успехот на било кој дигитален производ;
  • да го разберат практичниот процес на дизајнирање на корисничкото искуство;
  • да ги разберат и применуваат корисничките тестови и техниките на корисничкото искуство;
  • да разберат како големите податоци можат да го подобрат дизајнот на корисничкото искуство.

Содржина на предметната програма:

  • Создавање на големите податоци во е-бизнисот.
  • Карактеристики на големите податоци.
  • Создавање на додадена вредност од анализата на големите податоци.
  • Спроведување на квантитативни истражувања за откривање на нови шаблони, трендови и решенија во големите податоци.
  • Кориснички тестови.
  • Спроведување на кориснички тестови низ развојот на дигиталниот производ.
  • Истражувачки техники на корисничко искуство.
  • Планирање на техниките на корисничко искуство.
  • Имплементирање на резултатите од анализата на големите податоци во дизајнот на корисничко искуство.
  • За совладување на предметната материја, предвидено и обезбедено е користење на специјално опремена компјутерска лабараторија.

Големи податоци и корисничко искуство – предметна програма 2022/2023