Наслов на наставниот предмет | Стратегиски менаџмент |
Код | MGT 310 |
Професор | Проф. д-р- Љубомир Дракулевски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- Да ги дефинираат поимите поврзани стратегискиот менаџмент;
- Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент;
- Да го анализираат соодветно интерното и екстерното окружување на компаниите;
- Да ги дискутираат мисијата , визијата и целите на една компанија;
- Да креираат соодветно стратегиските опции на компаниите базирана на соодветна анализа;
- Да се запознаени со голем број на пристапи во делот формирање на стратегиите;
- Да ги препознаваат соодветно различните видови иновации и што истите значат за развојот на стратегијата на компанијата;
- Да ги дискутираат специфичностите и разликите поврзани со страгегискиот менаџмент кај малите бизниси;
- Да ги дискутираат стратегиските аспекти на една компанија во меѓународен конекст.
Содржина на предметната програма:
- Карактерот на стратегискиот менаџмент
- Менаџерите и стратегискиот менаџмент
- Проценка на екстерното окружување
- Проценка на интерното окружување
- Формулирање на стратегија
- Анализа и избор на стратегија
- Извршување на стратегијата
- Оценување и контрола на стратегијата
- Технологија и иновација
- Стратегиски менаџмент и малиот бизнис
- Стратегискиот менаџмент во меѓународен контекст