Наслов на наставниот предмет | Управување со иновации и производ |
Код | МКТ 320 |
Професор | Проф. д-р Ежени Брзовска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет
- Студентот треба да се оспособи да предложи единствена препознатлива вредност на производите
- Студенот треба да ги детектира и разбере пазарните особини на производот
- Студентот треба да ги знае елементите на брендот и да знае да развие соодветен бренд идентитет
- Студентот треба да знае да ги анализира факторите и фазите на животниот циклус на производот
- Студентот треба да знае да предложи соодветни стратегии на позиционирање во зависност од животниот циклус на производот
- Студентите треба да ги разбираат соодветните политики на производот
- Студентите треба да ги осознаат пооделните фази во развојот на нов производ
- Студентите треба да ги осознаат и применат соодветните стратегии за иновација и воведување на нов производ на пазарот
Содржина на предметната програма: Целта на наставата по овој предмет е да се запознаат студентите со зголемените очекувања на потрошувачите и како развојот на дигиталната технологија го актуелизираа значењето на успешно управување со производот. Во рамки на предметот се дефинира концептот и нивоата на производот и се потенцира значењето за креирање на вредноста на производите. Преку интерактивни практични примери се согледуваат пазарните особини на производот: дизајнот, пакувањето, брендот и стандардите. Студентите ги анализираат факторите и фазите на животниот циклус на производот и согласно карактеристиките на производот се предложуваат соодветни стратегии на позиционирање. Предметот се фокусира и на иновацијата и воведувањето на нови производи на пазарот кои имаат релевантна вредност за потрошувачите,
- Дефинирање на концептот на производ
- Анализа на пазарните особини на производот
- Стратегија на производ и бренд
- Управување и вредност на брендот
- Елементи на брендот
- Стратегии на позиционирање кај животниот циклус на производот
- Иновација на производ
- Процес на развој на нов производ