Интернет маркетинг апликации и алатки

Наслов на наставниот предмет Интернет маркетинг апликации и алатки
Код EBU530
Професор Проф. д-р Димитар Јовевски
Предуслови за запишување на предметот Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на овој предмет студентите ќе можат и ќе имаат познавање како самите да креираат комплетна интернет маркетинг кампања во виртуелниот простор. Ќе се стекнат со искуство за огласување на социјани мрежи, google AdWords, оптимализирање на веб страни, како и користење на аналитика, извештаи за следење на интернет огласувањето.

Содржина на предметната програма:

  • поим и основи на интернет маркетинг,
  • традиционални маркетинг комуникациски активности,
  • е-маркетинг стратегија,
  • еволуција на е-маркетинг миксот,
  • е-маркетинг комуникација со потрошувачи и клиенти,
  • е-маркетинг алатки за огласување и следење на интернет маркетинг кампањи.
  • Напредно огласување на дигиталните медиуми
  • Оптимизација на пребарувачи

Интернет маркетинг апликации и алатки – предметна програма 2022/2023