Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на синџир на снабдување |
Код | EBU550 |
Професор | Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој
предмет, студентите треба да бидат способни:
- да го анализираат целиот процес на менаџментот на синџирот на снабдување, од суровини до готов производ;
- да анализираат конкретни логистички ситуации;
- да дијагностицираат проблеми во синџирот на снабдување и предлагаат алтернативни решенија за решавање на овие проблеми;
- да го применуваат SCOR моделот;
- да ги применуваат информациските технологии за интегрирање и управување со логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување и за дигитализација на синџирот на снабдување.
Содржина на предметната програма:
- Поврзаност и интеракција помеѓу логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување;
- Синџир на вредност, SCOR (Supply Chain Operations Reference) модел;
- Управување со побарувачката и понудата;
- Управување со производството (MRP, ERP);
- Аутсорсинг;
- Предвидување;
- Управување со залихи;
- Дистрибуција;
- Логистички апликации;
- Логистички информациски систем;
- Електронски менаџмент на синџирот на снабдување (e-SCM);
- Дигитализација на синџирот на снабдување.
Менаџмент на синџирот на снабдување – предметна програма 2022/2023