Наслов на наставниот предмет | Бизнис планирање и претприемништво |
Код | MGT 330 |
Професор | Проф. д-р. Стојан Дебарлиев |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
- ги дефинираат и опишат клучните поими поврзани со поимот на претприемништвото и улогата на претприемачот во современото бизнис окружување
- ги објаснат и дискутираат фазите на претприемачкиот процес преку илустрација на секојдневни примери на домашни и странски претприемачки бизниси
- ги анализираат и оценуваат факторите кои влијаат на успехот на претприемачките бизниси со цел да носат подобри бизнис одлуки
- аплицираат одделни методи и алатки за дизајнирање на бизнис модел и изработка на бизнис план
- креираат и развијат сопствени бизнис идеи преку изработка на целосен бизнис план
Содржина на предметната програма:
- Вовед во претприемништво
- Претприемачки процес
- Препознавање можности и генерирање идеи
- Дизајнирање на бизнис модел
- Изготвување на бизнис план
- Извори на финансирање на претприемачки бизниси
- Правни и етички прашања при започнување на претприемачки бизнис
- Стратегии за раст на претприемачки бизниси
Бизнис планирање и претприемништво – предметна програма 2022/23