Менаџмент на перформанси

Наслов на наставниот предметМенаџмент на перформанси
Код MGT 340
ПрофесорПроф. д-р Љупчо Ефтимов
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да демонстрираат критичка свесност за најновите истражувања од областа на управувањето на перформансите
  • Да ги идентификуваат користите од управувањето на организациските перформанси за вработените, менаџерите и за самата организација
  • Да ги преведат организациските стратегии во конкретни индикатори за мерење на организациските перформанси
  • Да дизајнираат ефикасен систем за управување на организациските перформанси и да ги утврдат чекорите за негово успешно имплементирање
  • Да спроведат самостојно истражување за различните аспекти на организациските перформанси во реален бизнис контекст
  • Да применат широка лепеза на практични вештини за планирање, управување, мерење и ревизија на организациските перформанси
  • Да изнајдат практични решенија и да иницираат соодветни мерки за унапредување на организациските перформанси

Содржина на предметната програма:

  1. Еволуција на мерење на организациските перформанси
  2. Погледот на организациските перформанси низ призмата на различните деловни функции
  3. Современото наспроти традиционалното следење на организациските перформанси
  4. Управување на организациските перформанси
  5. Современи системи за управување на организациските перформанси
  6. Доминантни концепти за управување на организациските перформанси во практиката
Менаџмент на перформанси – предметна програма 2022/23