Менаџмент на ризик

Наслов на наставниот предметМенаџмент на ризик
Код MGT 380
ПрофесорПроф. д-р Александар Наумоски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • идентификуваат и категоризираат различни извори на ризик (пазарен, кредитен, оперативен, климатски);
  • добро да ја разбираат индивидуалтната и колективната аврзија на ризик, факторите и импликациите;
  • да дизајнираат процес на управување на ризици;
  • да го разберат местото и улогата на департманот за управување со ризици во организациската структура на претпријатието и улогата на менаџерот на ризици;
  • да го разберат значењето кое менаџментот на ризиците го има за акционерите и другите стеикхолдери
  • да научат како да носат најдобри деловни одлуки, каде што се остварува највисок принос за нивото на превземениот ризик;
  • да вршат мерење и процена на ризикот со примена на соодветни техники и модели (VaR, сценарио анализа, стрес тест итн.) ;
  • да применуваат деривативни инструменти како начин за справување со ризици (фјучерси, форварди, опции и свопови);
  • да го разберат климатскиот ризик и неговите импликации врз деловното работење.

Содржина на предметната програма:

  • Концептот на ризикот
  • Толеранција на ризик и премија за ризик
  • Диверзификација на ризици
  • Менаџмент на ризик
  • Стандарди за управување на ризик
  • Корпоративното управување и управувањето на ризикот
  • Организација на фунција за менаџмент на ризици во претпријатието
  • Управување на пазарниот ризик
  • Управување на кредитниот ризик
  • Управување на оперативниот ризик
  • Специфичности на управување на ризиците во финансиските институции
  • Примена на деривативните инструменти во управувањето на ризиците
  • Упраување со климатскиот ризик

Менаџмент на ризик – предметна програма 2022/23