Хартии од вредност и портфолио менаџмент

Наслов на наставниот предметХартии од вредност и портфолио менаџмент
Код FIN 320
ПрофесорПроф. Д-р Владимир Филиповски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

  • Знаење и разбирање на основните концепти на финансиско инвестирање
  • Разбирање на економските функции и институтионалната структура на пазарите на хартии од вредност
  • Знаење и разбирање на основите на портфолио теоријата
  • Способности за анализа на односот на инвеститорот кон приносот и ризикот преку функцијата на очекувана корисност
  • Способности за анализа на диверсификацијата на ризикот преку конструкција на портфолија на хартии од вредност
  • Разбирање на Моделот за вреднување на капиталските имоти и способност за аналитичко користење на поврзаноста на очекуваниот принос на една хартија од вредност со коефициентот на систематски ризик (бета) и пазарната премија за ризик
  • Знаење и разбирање на алтернативните аналитички модели на пазарот на хартии од вредност: индексни модели, модели засновани на арбитража.
  • Знаење и разбирање на Хипотезата за ефикасни пазари на хартии од вредност и нејзините практични импликации
  • Знаење и разбирање на основите на Бихејвиоритичките финансии и инивните импликации за вреднување на хартиите од вредност
  • Способности за применета квантитативна анализа и вреднување на обврзниците
  • Способности за применета квантитативна анализа и вреднување на акциите
  • Знаење и разбирање на факторите за вреднување и начините на користење на опциите како деривативни финансиски инструменти
  • Знаење и разбирање на одредувањето на фјучерс цените и соодносите на фјучерс цените и на спот цените на примарните инструменти на пазарите на фјучерс договори
  • Разбирање на процесот на професионално управување со портфолија на хартии од вредност, способност за формулирање на инвестициските цели, разбирање на различните инвестициони стратегии и индикаторите за мерење на перформансите на портфолио менаџерите

Содржина на предметната програма:

  • Основни концепти на финансиски инвестиции
  • Пазари на хартии од вредност – економски функции и пазарни институции
  • Портфолио теорија и диверсификација на ризикот
    • Функција на очекувана корисност и крива на индиференција на принос/ризик
    • Диверсификација на ризикот и Граница на ефикасни портфолија 283 Наставна програма 2022-2023
    • Одредување на оптимално портфолио на инвеститорот
  • Моделот на вреднување на капиталските средства (Capital Asset Pricing Model) и индексен модел
    • Очекуваната стапка на принос како функција на систематсиот ризик – Модел за вреднување на капиталски имоти
    • Модел за вреднување заснован на арбитража
    • Индексен емпириски модел на приносите на ХВ
  • Хипотеза за ефикасни пазари и нивоа на информациска ефикасност на пазарите на ХВ
  • Бихејвиористички финансии и отстапувањата од информациски ефикасните пазари
  • Вреднување на обврзници
    • Фундаментална вредност на обврзница,
    • Стапки на принос кај обврзниците (Bond yields)
    • Времетраење на обврзниците (Bond duration) и управување со каматниот ризик
    • Кредитен рејтинг и управување со кредитниот ризик
  • Вреднување на акции
    • Фундаментална вредност на акција
    • Методи на вреднување заснован на дисконтирање на дивиденди
    • Методи на вреднување засновани на пазарни мултипликатори
  • Опции како деривативни финансиски инструменти
    • Фактори кои влијаат при вреднувањето на опциите o Инвестициони стратегии со користење на опциони договори
    • Фјучерси како деривативни финансиски инструменти
    • Хеџирање и шпекулирање со користење на фјучерс договори
    • Фактори за одредување на односот: фјучерс цена – спот цена
    • Хипотези за соодносот на фјучерс цените и идните очекувани спот цени
    • Анализа на фјучерс договори кои базираат на пазарни индекси на акции
  • Процесот на управување со портфолија на ХВ – портфолио менаџмент
    • Цели на инвестирањето во ХВ
    • Инвестициски стратегии
    • Мерење на перформансите на портфолио менаџерите

Хартии од вредност и портфолио менаџмент – предметна програма 2022/23