Монетарна и фискална политика во ЕУ

Наслов на наставниот предмет Монетарна и фискална политика во ЕУ
Код EUS 515
Професор Проф. д-р Ѓорѓи Гоцков Проф. д-р Сузана Макрешанска Младеновска
Предуслови за запишување на предметот Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):
По изучувањето на овој предмет, студентите треба да располагаат со следните области на знаења:

  • Познавање на институционалната поставеност на Европскиот монетарен систем и неговите
    економски и финансиски карактеристики
  • Разбирање на начинот на концепирање и водење на монетарната политика од страна на ЕЦБ
  • Осознавање на проблемите на даночна хармонизација и конкуренција во ЕМУ
  • Анализирање на трендовите во јавните финансии во ЕУ
  • Познавање на структурата и карактеристиките на даночните системи во земјите од ЕУ

Содржина на предметната програма:

  • Теоретски аспекти од создавање на монетарна унија
  • Трошоци и користи од членство во монетарна унија
  • Дали ЕМУ е оптимално валутно подрачје?
  • Институционална рамка на единствената монетарна политика
  • Економска и финансиска структура на еврозоната
  • Монетарната политика на ЕЦБ
  • Неконвенционална монетарна политика
  • Трендови во јавните финансии во Европа
  • Национална фискална политика во ЕМУ
  • Даночно оптоварување
  • Даночна хармонизација во ЕУ
  • Буџет на ЕУ

Монетарна и фискална политика во ЕУ – предметна програма 2022/2023