Наслов на наставниот предмет | Регионални трговски договори и СТО |
Код | EUS 513 |
Професор | Проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска Проф. д-р Ирена Кикеркова |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршување на наставата студентите треба да бидат способни:
- Да ја разберат суштината на регионалните трговски договори.
- Да ги разликуваат видовите регионални трговски договори и нивните влијанија врз
меѓународните економски односи. - Да ја разберат надворешнотрговската политика на Европската унија и нејзините односи со
СТО. - Да ги разликуваат позитивните и негативните аспекти на развојот на регионализмот
наспроти мултилатерализмот. - Да можат да ги согледаат предизвиците со кои се соочува мултилатералниот трговски
систем преку развојот на регионализмот.
Содржина на предметната програма:
- Билатерализам vs мултилатерализам.
- Разгледување на членот 24 како основа за развојот на регионалните трговски договори.
- Причини за склучување регионални трговски договори.
- Ефекти од функционирањето на регионалните трговски договори.
- Надворешнотрговската политика на ЕУ.
- Односите на ЕУ со трети земји и односите со СТО.
- Регионални трговски договори на САД.
- Други позначајни регионални трговски договори и иницијативи во светот.
- Регионализам vs мултилатерализам.
Регионални трговски договори и СТО – предметна програма 2022/2023