Наслов на наставниот предмет | Политики и програми на дигитализација во ЕУ |
Код | EUS 519 |
Професор | Проф. д-р Борче Треновски |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
Наставата треба да овозможи концептуално оспособување за анализа на теоретските и практичните
импликации на современите процеси на дигитализација во Европската Унија и фундаменталните
пристапи при креирање на оптимални економски политики поврзани со дигитализацијата.
Целта на наставата по овој предмет е:
- Да се разбере процесот на дигиталната револуција и како истата го трансформира светот каков
што го знаеме со невидена брзинa; - Да се елаборира важната улога и позитивното влијание на дигиталните технологии врз
општеството, економијата и сопствениот живот на граѓаните; - Да се разграничат позитивните од негативните страни, а и можностите од заканите на новите дигитални технологии како врз економијата така и врз општеството и секојдневниот живот на граѓаните;
- Да ги зголемат знаењата за тоа како дигиталните технологии го менуваат начинот на работа на бизнисите, начинот на кој луѓето се поврзуваат и разменуваат информации и како истите
комуницираат со јавниот и приватниот сектор; - Да се добијат сознанија за активната улога на Европската Унија во обликувањето на дигиталната економија, со политички иницијативи кои се движат од зголемување на инвестициите до реформирање на законите на ЕУ, до вонзаконски акти за подобрување на координацијата меѓу земјите-членки и размена на најдобри практики;
- Да го разберат значењето на иницијативите во областите на дигитализација на индустријата и јавните услуги, инвестициите во дигитална инфраструктура и услуги, истражувачки програми,
сајбер-безбедност, е-трговија, законодавство за авторски права и заштита на податоци за
економијата на ЕУ; - Да го утврдат значењето на европските институции во обликувањето на институционална рамка што ќе им помогне на граѓаните и деловните субјекти целосно да го искористат потенцијалот на дигиталните технологии;
- Да го разберат значењето на Програмата Дигитална Европа (2021-2027 година) како прва
програма за финансирање посветено единствено на поддршка на дигиталната трансформација во ЕУ; - Да добијат сознанија за најдобрите политики, програми и практики кои ги имплементираат
земјите од ЕУ во контекст на дигитализацијата на економијата и општеството; - Да ја препознаат потребата од соодветна рамка за политики и соодветни вештини и
инфраструктура која е потребна за дигитализација на домашната економија и јавен сектор
согласно искуствата и легалните рамки на ЕУ; - Можат да дискутираат за потребата од зголемување на инвестициите во инфраструктурата,
зајакнување на иновациите, поттикнување дигитализација на бизнисите, намалување на
постојните дигитални поделби, отстранување на преостанатите бариери на единствениот
дигитален пазар и обезбедување соодветна правна и регулаторна рамка во областите на напредно процесирање и податоци, вештачка интелигенција и сајбер-безбедност. - Содржина на предметната програма:
- Вовед
- Моќта на информатичката технологија
- Дигитална и иновативна влада
- Вештачка интелигенција – Можности и закани
- Предизвици и регулација на новите технологии
- Економија базирана на платформи: Микро- и макроекономија на дигитални пазари
- Како Европската Унија се справува со дигиталната трансформација?
- Правни и економски предизвици поврзани со дигитални прашања во ЕУ
- Регулацијата и дигиталната економија во ЕУ
- Улогата на европските институции во обликувањето и спроведување на процесот на
дигитализација и искористување на потенцијалот на дигиталните технологии. - Политики и програми на дигитализација во јавниот сектор и јавните политики во ЕУ
- Програмата Дигитална Европа (2021-2027 година) како поддршка на дигиталната трансформација во ЕУ
- Мапирање на најдобрите политики, програми и практики кои ги имплементираат земјите од ЕУ во контекст на дигитализацијата на економијата и општеството
- Македонската економија во контекст на европските политики и програми на дигитализација
Политики и програми на дигитализација во ЕУ – предметна програма 2022/2023