Економски раст и развој – теории и развојни политики

Наслов на наставниот предмет Економски раст и развој – теории и развојни политики
Код EDIF510
Професор Проф. д-р Владимир Филиповски
Предуслови за запишување на предметот Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Наставата треба да овозможи оспособување (концептуално и методолошки) за анализа на
теоретските и практичните импликации на современите процеси на економски раст и развој во
светот и фундаменталните пристапи во економските политики поврзани со економскиот раст и
развој.


Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  1. ги разберат теоретските концепти (теориите) и нивната еволуција во објаснувањето на
    природата и процесите на растот и развојот;
  2. ги разберат доминантните стратегиите на економскиот развој во светот.
  3. ја анализираат концептуалната подлога (рамнотежата и растот), поврзаноста на одделните
    економски политики со економскиот раст и импликациите од нивната примена (монетарна,
    фискална, надворено-трговска итн.)
  4. вршат истражување на меѓународните искуства во дизајнирање на политиките за
    стимулирање на економскиот раст и развој;
  5. ги анализираат и дискутираат политиките на „зелениот развој“
  6. да ја согледаат и толкуваат улогата на инстуциите во процесот на економскиот раст и
    развојот
  7. да ги истражуваат меѓународните искуства од политиките на поддршка на иновациите и
    претприемништвото
  8. да ги истражуваат инеракциите на дигитализацијата и економскиот раст Содржина на предметната програма:
  9. Вовед – теоретските одредници на растот и развојот
  10. Целите на развојот
  11. Мерење на нивоата, растот и промените
  12. Извори и фактори на растот
  13. Теории и модели на економскиот раст
  14. Стратегии на економскиот развој
  15. Технолошките промени и развојот
  16. Институциите и економскиот раст
  17. Еколошките аспекти на економскиот развој
  18. Макроекономските политики и економскиот развој
  19. Проблеми на домашната развојна политика

Економски раст и развој – теории и развојни политики – предметна програма 2021/2022