Современи макроекономски концепции и политики

Наслов на наставниот предмет Современи макроекономски концепции и политики
Код EDIF510
Професор Проф. д-р Трајко Славески
Предуслови за запишување на предметот Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

  1. Да се стекнат со продлабочени знаења за главните текови во современата макроекономска
    наука и да дискутираат за нејзиниот развој и новите теоретски пробиви по Втората светска
    војна.
  2. Да се оспособат јасно да ги идентификуваат различните макроекономски концепции од
    неокејзијанска и неолиберална провениенција и да го оценат начинот на кој тие го објаснуваат функционирањето на економијата.
  3. Да го разберат и проценат влијанието на различните макроекономски концепции врз
    профилирањето на мерките на економската политика и да ја оценат суштината и природата
    на самите мерки.
  4. Да се оспособат да ги дикутираат макроекономските политики кои ги применуваат
    современите национални економии, да ја препознаат нивната провениенција.

Содржина на предметната програма:

  1. Вовед
  2. Микроекономски основи на макроекономските концепции и политики
  3. Кејнзијанизмот и неокејнзијанизмот и макроекономските политики
  4. Монетаризмот и макроекономските политики
  5. Новата класична макроекономија и макроекономските политики
  6. Теоријата на реалните деловни циклуси и макроекономските политики
  7. Економијата на понудата и макроекономските политики
  8. Теоријата на јавен избор и макроекономските политики
  9. Новата кејнзијанска економија и макроекономските политики
  10. Капацитетот на современите држави за дизајнирање и имплементација на економските
    политики
  11. Конфронтации по суштинските макроекономски концепти во главната струја на
    макроекономијата по Големата рецесија 2007-2009
  12. Макроекономските концепции и економските политики во време на пандемијата со Ковид

Современи макроекономски концепции и политики – предметна програма 2022/2023