Меѓународни финансии

Наслов на наставниот предметМеѓународни финансии
Код FIN 310
ПрофесорГоран Петревски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

  • Студентите треба да се запознаат со организацијата и трансакциите на девизниот пазар.
  • Студентите треба да се оспособат за мерење и управување со валутнитот ризик.
  • Студентите треба да се оспособат за мерење на ризикот на земјата.
  • Студентите треба да се запознаат со основните карактеристики на валутните деривати.
  • Студентите треба да се запознаат со одделните режими на девизни курсеви.
  • Студентите треба да ги познаваат современите теории за формирањето на девизните курсеви.
  • Студентите треба да ја познаваат структурата на меѓународните финансиски пазари.
  • Студентите треба да ги познаваат структурата и трансакциите во билансот на плаќањата.

Содржина на предметната програма:

  • Биланс на плаќања
  • Девизен пазар
  • Режими на девизни курсеви
  • Теории на девизните курсеви
  • Валутни деривати
  • Предвидување на девизните курсеви
  • Мерење на валутниот ризик
  • Управување со валутниот риизк
  • Ризик на земјата
  • Странски директни инвестиции
  • Меѓународни финансиски пазари
  • Меѓународни пазари на капитал
  • Евровалутни пазари
  • Финансирање на меѓународната трговија
Меѓународни финансии – предметна програма 2022/23