Наслов на наставниот предмет | Економетрија |
Код | ECN 330 |
Професор | Проф. д-р Весна Буцевска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Да ги познаваат работите кои произлегуваат од формулирањето, оценката и користењето на економските модели;
- да ги конструираат податоците, формулираат економетриски модел и да ги оценат парамтерите на тој модел;
- да го подложат моделот на верификација преку тестирање и да ги толкуваат резултатите на економетриска рамка;
- да го користат оценетиот модел за тестирање на економската теорија која лежи во основа на тој модел;
- да ја предвидуваат идната економска активност врз база на оценетата квантитативна поврзаност.
Содржина на предметната програма:
Преку наставата по предметот се врши утврдување на квантитативните зависности на променливите во дадена економска релација, испитување на валидноста на поставките на економската теорија и предвидување на движењето на економските големини врз основа на утврдените квантитативни врски. Наставата по предметот се фокусира на развивање на методи и квантитативни средства кои се потребни за правилно разбирање и користење на регресионата анализа со најмали квадрати, со оглед на тоа што таа се применува во многу предмети кои вклучуваат економско и бизнис моделирање и тестирање на хипотези. Акцентот ќе биде ставен на развој на интуитивно разбирање преку работење на примери и решавање на конкретни проблеми кои се базираат на реални податoци во компјутерска лабораторија со користење на економетрискиот програмски пакет EViews.