Корпоративно финансиско известување

Наслов на наставниот предметКорпоративно финансиско известување
Код ACC 310
ПрофесорПроф. д-р Атанаско Атанасовски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • Ги разбираат основните концепти, принципи и барања на меѓународните стандарди за финансиско известување.
  • Евидентираат најразлични трансакции, сочинуваат финансиски извештаи и обелодуваат информации во белешките кон финансиските извештаи.
  • Ги проценуваат ефектите од економските и сметководствени настани и трансакции.
  • Ги разбираат потребите на корисниците на финансиските извештаи во корпорацијата и надвор од неа.
  • Го подигнат и изградат своето етичко ниво.

Содржина на предметната програма:

  1. Регулаторнa и концептуална рамка на финансиското известување.
  2. Презентирање на финансиските извештаи за општа намена
  3. Известување за нетековни материјални средства
  4. Нематеријални средства
  5. Обезвреднување на средствата
  6. Залихи и договори за изградба
  7. Известување за посебни сметководствени настани кои влијаат на резултатот
  8. Резервирања неизвесни обврски и неизвесни средства
  9. Финансиски средства и обврски
  10. Сметководство за наеми
  11. Приходи и нивно признавање според МСФИ
  12. Сметководство за даноци
  13. Консолидирани финансиски извештаи
  14. Заработка по акција
  15. Извештај за паричен тек
  16. Анализа на финансиски извештаи подготвени според МСФИ

Корпоративно финансиско известување – предметна програма 2022/23