Наслов на наставниот предмет | Регионална и урбана економија |
Код | ECN 340 |
Професор | Проф. д-р Пеце Недановски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положување на испитот, студентите треба да бидат способни:
- да ги познаваат закономерностите на современиот економски развој што произлегуваат од неговата просторна определеност,
- да ја совладаат теоретската и методолошката диференцираност на регионалниот аспект на економскиот рзазвој,
- да ги познаваат современите контроверзи и конфликти што ги отвори процесот на глобализација,
- да се запознаат со местото и улогата на градот во современиот регионален развој,
- да се согледаат процесите на децентрализација, како и примената на концептот на локален економски развој,
- да извршат евалуација на условите во кои може да се применат економските инструменти во регионалната политика,
- да ја познаваат и критички да ја оценат системската поставеност и начинот на водење на регионалната политика во Македонија.
Содржина на предметната програма:
- Теоретски концепции за регионалниот развој,
- Локациона анализа,
- Анализа на детерминантите на современиот регионален развој,
- Регионална економска политика,
- Градот и регионалниот развој,
- Децентрализација на локалната самоуправа,
- Регионален развој на Македонија.