Наслов на наставниот предмет | Развој на економската мисла |
Код | ECN 350 |
Професор | Проф. Д-р Борче Треновски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:
- Запознавање со досегашниот развој на економската мисла и елаборација (промена на економските парадигми), резултатите, слабости, спротиставеноста на одделни школи на економска мисла;
- Создавање на солидна теоретска основа за полесно совладување на материјата што се изучува поконкретно/подетално ниво во други економски дисциплини;
- Да се здобиат студентите сознаења за економскиот живот и за инструментариумот на економската анализа, како и да го покачите степенот на сопствената економска култура и сл.
- Да го прошират знаењето за политиките и инструментариумот во рамките на секоја од економските концепции во насока на креирање на солидна теоретска база како основа за креирање оптимлни економски политики;
- Да ги прошират знаењата за клучните економисти, нивното творештво и време/околина во која ги создавале своите дела – а кои се основоположници и заслужни за еволуцијата на екомската мисла и практика.
Содржина на предметната програма:
Наставата по предметот Развој на економската мисла треба да им помогне на студентите да го разберат досегашниот развој на економската мисла, односно основните текови (школи) на економска мисла од античкиот период до денес, како и творештвото на најголемите умови во доменот на економската наука. Во тој контекст посебно внимание се обрнува на изучувањето на следниве прашања: економската мисла до настанувањето на економската наука, меркантилизмот како премин кон настанување на економската наука, класичната школа како почеток на економската наука, социјалутопизмот, историската школа, настанувањето и развојот на марксистичката економија, маргинализмот, институционализмот и неоинституционализмот, кејнзијанизмот, посткејнзијанизмот и новата кејнзијанска економија, радикалната политичка економија на новата левица, разните школи во рамките на неолибералната (неокласичната) економска мисла – монетаризам, школата на рационални очекувања, школата на реални бизнис циклуси, економија на понудата, теоријата на јавен избор и др.