Цел на студиската програма на втор циклус студии – МБА Менаџмент е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката.
За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Листа на задолжителни и изборни премети на Втор циклус МБА Менаџмент
- Четири задолжителни предметиутврдени со студиската програма според семестари на студирање (максимум 60% од вкупниот број предвидени предмети)
- Два изборни предмети утврдени со студиската програма според семестари на студирање ( 30% од вкупниот број предвидени изборни предмети од листата на Економски факултет – Скопје)
- Еденизборен предмет (10% од вкупниот број предвидени предмети) од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
- Ги разбира значењето и содржината на менаџментот, менаџерите и функциите на менаџмент;
- Покажува знаење за структурирањето, функционирањето и развојот на организацијата, како и важноста на организациската култура и потребата од акцептирањето на организационите промени и организацискиот развој како единствени начини за опстанок на организацијата во современите услови;
- Ги разбира елементи на стратегиската анализа, избор на соодветна стратегија и проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија;
- Демонстрира знаења за современите и напредни концепции за управување со човечките ресурси, како и различни концепти за однесувањето и процесот на мотивација на луѓето во организацијата;
- Ја разбира улогата на информацијата и информационата технологија во менаџментот во современиот бизнис;
- Стекнува продлабочени знаења од специфични областа на функционирањето на претпријатијата, како што се: управувањето со финансиските средства во рамките на претпријатието; управување со маркетинг активностите важни за реализација на општата и маркетинг стратегијата на претпријатието; управувањето со малите претпријатија и претприемништвото; и стратегиските и оперативни аспекти на функционирање во контекст на меѓународниот менаџмент.
Примена на знаењето и разбирањето:
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и усовршување на стручни кадри – менаџери за решавање на мошне сложените проблеми настанати со измените на состојбите во претпријатијата и окружувањето;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемчиви, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век;
Способност за проценка:
- Способен е да набљудува и идентификува важни состојби и трендови во интерното и екстерното окружување на претпријатието, да анализира и синтетизира и извлекува заклучоци за анализираните состојби и појави.
- Развивање и унапредување на способности за тимска работа, способност за лидерство и комуникација применливи во различни претпријатија и ситуации;
- Способен е да ги идентификува информационите потреби и да управува со информациите и знаењето во организациите со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности.
Комуникациски вештини
- Способен и да комуницира со идеи и да се усогласува во тимска работа;
- Способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.
Вештини на учење:
- Способен е за успешно совладување на теоретските концепции, да аплицира техники и методологии во специфични научни подрачја и да ги идентификуваат потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
- Поседува способност да партиципира во групни дискусии, критички да анализира теоретски и практични аспекти од работењето на претпријатијата, да изработува и да ги презентира изработените проекти;
- Способен е знаењето да го изрази преку одговарање на различни типови прашања и да анализира конкретни студии на случај од бизнис практиката.
Квалификација која се стекнува:
Магистер по организациони науки и управување (менаџмент) од областа на МБА Менаџмент
Изборни предмети
Семестар | Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|---|
1 | MGT 518 | Организациско однесување | 40 | 7 | Љубомир Дракулевски |
1 | MGT 512 | Маркетинг менаџмент | 40 | 7 | Анита Циунова-Шулеска |
1 | MGT 514 | Менаџмент информациони системи | 40 | 7 | Никола Левков |
1 | MGT 520 | Менаџмент на промени | 40 | 7 | Леонид Наков |
1 | SHR 510 | Стратегиски менаџмент на човечки ресурси | 40 | 7 | Љупчо Ефтиомов |
1 | MBA-UKIM | Изборен предмет од Листа на УКИМ | 2 | ||
2 | MGT 519 | Нови можности и претприемништво | 40 | 7 | Стојан Дебарлиев |
2 | MGT 515 | Менаџмент на мал бизнис | 40 | 7 | Александра Јанеска-Илиев |
2 | MGT 517 | Меѓународен менаџмент | 40 | 7 | Љубомир Дракулевски |
2 | SHR 580 | Теорија на организација | 40 | 7 | Кирил Постолов |