Маркетинг – студиска програма 2017/2018

Студиската програма на втор циклус студии – Маркетинг е во траење од 2 семестрa и вклучува изработка и на магистерски труд.

Структурата на предметите е следната:

  • три задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање
  • три изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање и
  • еден изборен предмет од листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Студентот на втор циклус на студии може да пријави тези и тема  за  магистерски труд со образложение, откако ќе оствари 44 кредити со положување на  испитите на студиумот на кој што е запишан. Магистерскиот труд носи 16 ЕКТС. За добивање звање магистер, студентот треба да оствари 60 ЕКТС согласно Законот за високо образование. По завршувањето на студиската програма студентот се стекнува со звањето: магистер по економски науки  од областа на Маркетингот.

ЦЕЛИ

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на МАРКЕТИНГ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на маркетингот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Демонстрира знаење за маркетинг-концепцијата и нејзиното значење во работењето на современите бизниси.
  • Покажува знаење за специфичните типови на потрошувачи и факторите кои што влијаат врз нивното однесување.
  • Покажува знаење за различните методи кои се користат во маркетинг-истражувањето и примена на добиените резултати во работењето на компанијата.
  • Демонстрира знаење за одделните елементи на маркетинг планот и различните стратегии кои се користат за успешно водење на бизнисот.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Способен е за самостојно донесување одлуки во врска со производот, цената, дистрибуцијата и промоцијата како клучни аспекти од работењето на секоја компанија.
  • Самостојно развива маркетинг-истражувачки проект, применувајќи ги знаењата за одделните фази од процесот на маркетинг-истражување.
  • Самостојно ги анализира одделните маркетинг-инструменти и однесувањето на потрошувачите.
  • Способен е да развие маркетинг-план и да предложи соодветни маркетинг-стратегии, согласно добиените резултати од истражувањето.

Способност за проценка:

  • Покажува способност за оценка и избор на научни теории, методологии и алатки во подрачјето на маркетингот.
  • Покажува способност за критичка оцена и споредба на маркетинг-тенденциите во земјата и во светот.
  • Демонстрира способност за идентификување и прибирање на релевантни податоци, нивна анализа и интерпретација. 

Комуникациски вештини:

  • Поседува способност за самостојно учество во научни дискусии и за успешно комуницирање во професионален тим. 
  • Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира однесувањето на потрошувачите, како и човековото однесување генерално. 

Вештини на учење:

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, пишување, критичка анализа, интерактивно учество, набљудување.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Покажува способност за независно идентификување на своите лични потреби и интерес за континуирана едукација и професионален развој.

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

КодПолн назив на предметната програмаНаставникБрој на часовиЕКТС
Зимски предмети
МКТ 542Однесување на потрошувачитепроф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска407
МКТ 543Промоцијапроф. д-р Анита Циунова – Шулеска407
МКТ 544Политика на производотпроф. д-р Ежени Брзовска407
МКТ 545Дистрибуција со методи на продажбапроф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска407
МКТ 548Меѓународен маркетингпроф. д-р Ежени Брзовска407
МКТ 549Маркетинг на услугипроф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска407
МКТ 5410Политика на цени во маркетинготпроф. д-р Даниела Мамучевска407
МКТ 5411Интернет маркетингпроф. д-р Димитар Јовевски407