Наслов на наставниот предмет | Мултилатерален трговски систем |
Код | INT330 |
Професор | Проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
Цел на предметната програма Мултилатерален трговски систем е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на меѓународната трговија и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:
- Да го разберат основниот концепт на мултилатералниот трговски систем и неговите најголеми предности и недостатоци;
- Да го разберат комбинирањето и употребата на различни бариери во меѓународната трговска размена според новите правила на мултилатералниот трговски систем;
- Да ги разберат правилата во регулирањето на меѓународната трговија со услуги;
- Да го разберат значењето на заштитата на правата на интелектуалната сопственост;
- Да го разберат значењето и начинот на функционирање на Механизмот за решавање трговски спорови;
- Да ги разберат предизвиците со кои се соочува современиот мултилатерален трговски систем.
Содржина на предметната програма:
Предметот ги запознава студентите со теоријата и функционирањето на Светската трговска организација како основа на мултилатералниот трговски систем. Содржината почнува со развојот на мултилатерализмот со старата ГАТТ спогодба и континуитетот до основањето на Светската трговска организација. Детално ќе биде разработена новата ГАТТ спогодба со нејзините 13 потспогодби. Потоа ќе бидат разработени основните аспекти на Спогодбата за трговијата со услугите и Спогодбата за трговските аспекти на правата на интелектуалната сопственост. Составен дел на предметната програма е и разработка на ефикасноста на Механизмот за решавање трговски спорови и на Механизмот за контрола на трговските политики. Посебен акцент ќе биде даден на текот и реализацијата на преговорите во рамките на Доха агендата и предизвиците со кои се соочува современиот мултилатерален трговски систем.