Напреден финансиски менаџмент

Наслов на наставниот предметНапреден финансиски менаџмент
Код CFM510
ПрофесорПроф. Д-р Владимир Филиповски
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да го разбираат концептот на вредност на компанијата, како основа за донесувањето на одлуките во корпоративните финансии.
  • Да умеат да ги пресметуваат и толкуваат современите мерила на успешноста во работењето.
  • Да ги препознаваат импликациите на различните видови извори на финансирање врз структурата на капиталот на компанијата, пред се, од аспект на нивниот одраз врз корпоративното управување и односот на инвеститорите кон неа.
  • Да умеат да ги проценуваат ефектите од различните одлуки за инвестирање, експанзија и др. Врз вредноста на компаниите.
  • Да умеат да вршат селекција помеѓу различните деривативни инструменти за заштита од ризикот кај компаниите, познавајќи ги нивните карактеристики.
  • Да ги анализираат и интерпретираат последиците од одлуките за спојувања и преземања на компании.

Содржина на предметната програма:

  1. Финансискиот менаџмент и корпоративното управување
  2. Современи мерила на резултатите од работењето
  3. Ризик и принос
  4. Корпоративно оценување и менаџмент заснован на вредност
  5. Долгорочно финансиско одлучување
  6. Управување со ризикот и финансиски деривативи
  7. Краткорочно финансиско одлучување
  8. Дивиденди и други распределби на акционерите
  9. Цена на капиталот
  10. Оптимализација на структурата на капиталот
  11. Спојувања и преземања
  12. Меѓународен финансиски менаџмент

Напреден финансиски менаџмент – предметна програма 2022/23