Финансирање на претприемачки бизниси

Наслов на наставниот предметФинансирање на претприемачки бизниси
Код CFM 523
ПрофесорПроф. д-р Стојан Дебарлиев Вонр.
проф. д-р Александра Јанеска – Илиев
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • ги дефинираат и опишат клучните поими поврзани со поимот на претприемништвото, претприемачкиот процес и начините за основање на претприемачи бизниси;
  • ги разликуваат различните извори на финансирање на претприемачките бизниси и ги дискутираат нивните практични импликации преку секојдневни претприемачки примери;
  • ги анализираат факторите и проблемите кои влијаат на успешно финансирање на претприемачките бизниси;
  • jа оценуваат ефективноста на различните извори на финансирање низ животниот циклус на претприемачките бизниси со цел донесување на соодветни инвестициски одлуки.

Содржина на предметната програма:

  • Претприемништвото и претприемачкиот процес
  • Начини на основање на претприемачки бизниси, форми на сопственост и потреба за нивно финансирање
  • Капитално наспроти должничкото финансирање
    • Традиционални извори на капитално финансирање
    • Традиционални извори на должничко финансирање
  • Алтернативи извори на капитално финансирање на претприемачки бизниси
    • Претприемачки капитал
    • Бизнис ангели
  • Други креативни извори на финансирање на претприемачки бизниси
    • Акцелератори
    • Грант програми за финансирање
    • Crowdfunding – финансирање
    • Стратегиски партнерства
  • Животниот циклус на претприемачките бизниси и формите на финансирање

Финансирање на претприемачки бизниси – предметна програма 2022/23