Наслов на наставниот предмет | Спојувања и аквизиции помеѓу компаниите |
Код | CFM 513 |
Професор | Проф. д-р Даниела Бојаџиева Проф. д-р Љубомир Дракулевски |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- да се стекнат со сеопфатна слика за процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите како форми на корпоративно преструктуирање
- да бидат способни да ги разберат и одделните фази во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- да се запознаат со моделите за вреднување и оценување на предлозите за спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- да се запознаат со процесот на управување при спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите
Содржина на предметната програма:
- Воведни аспекти за спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите
- Анализа на мотивите за спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- Трендови во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- Пријателски versus непријателски превземања на компании
- Хоризонтални спојувања, вертикални спојувања и конгломерати
- Економски аспекти на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите
- Анализа на структурата и пазарната конкуренција во индустријата
- Стратегиските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- Организациските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- Финансиските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- Правните аспекти и контролата на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите
- Домашната правна рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите
- Правната рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите во ЕУ
- Правната рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите во САД
- Анализа на одделните фази на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите
- Развој на бизнис план за спојување или аквизиција со друга компанија/компании
- Истражување на потенцијалните таргет компании
- Скрининг на избраната компанија
- Воспоставување на контакт и процес на преговарање
- Развој на план за спојување или аквизиција
- Склучување на договорот за спојување или аквизиција
- Модели за финансиско оценување на предлогот за спојување и аквизиција помеѓу компаниите
- Заедничките вложувања (joint ventures) и стратегиските алијанси како алтернативи на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите
- Прекугранични спојувања и аквизиции помеѓу компаниите (трендови, мотиви и фактори)
Спојувањa и аквизиции помеѓу компаниите – предметна програма 2022/23