Наслов на наставниот предмет | Меѓународен финансиски менаџмент |
Код | CFM 513 |
Професор | Проф. д-р Сашо Арсов |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- Да ги пресметуваат и интерпретираат сметководствената и економската изложеност на компанијата на девизниот ризик и да предлагаат мерки за нивно намалување.
- Да ги анализираат ефектите од користењето на различните финансиски деривативи и да дизајнираат соодветна стратегија за заштита од ризикот во конкретна ситуација;
- Да ги пресметуваат трошоците на одделните компоненти на капиталот, како и просечната цена на капиталот на компанија што користи меѓународни извори на финансирање;
- Да умеат да ја анализираат оправданоста на инвестициските проекти во случаите на меѓународно инвестирање;
- Да умеат да го утврдат приносот на портфолиото составено од меѓународни хартии од вредност, како и да извршат оптимализација на таквото портфолио во рамките на релацијата ризик-принос
Содржина на предметната програма:
- Мултинационалното претпријатие и мултинационалниот финансиски менаџмент.
- Девизни курсеви и девизен пазар.
- Пазари на валутни фјучерси и опции.
- Меѓународни финансии и меѓународни финансиски пазари.
- Мерење на сметководствената изложеност на девизниот ризик.
- Управување со сметководствената изложеност на девизниот ризик.
- Мерење на економската изложеност на девизниот ризик.
- Управување со економската изложеност на девизниот ризик.
- Управување со обртниот капитал во меѓународен контекст.
- Преземање инвестициски проекти во странство – цена на капиталот и капитално буџетирање.
- Меѓународен портфолио менаџмент
Меѓународен финансиски менаџмент – предметна програма 2022/23