Корпоративно управување

Наслов на наставниот предметКорпоративно управување
Код CFM 516
ПрофесорПроф. д-р Горан Коевски
Проф. д-р Стојан Дебарлиев
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Да ги објаснат и дискутираат концептите, теориите и различните модели на корпоративно управување во споредбената корпоративна практика (англосаксонски и континентален модел);
  • Да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со корпоративното управување, како релативно нов концепт во компаниското право;
  • Да ги анализираат факторите и оценуваат концептите кои влијаат на создавање на позитивни практики на добро корпоративно управување во акционерските друштва;
  • Да ги интегрираат добиените знаења од различните концепти и модели на корпоративно управување во ефективни корпоративни одлуки;

Содржина на предметната програма:

  • Поимно определување на корпоративното управување
  • Содржина на поимот и на концептот на корпоративно управување и сличности и разлики со други сродни научни области
  • Интерни (структура на акционерска сопственост, поделба на моќ помеѓу корпоративните органи) и екстерни (надворешни извори на финансирање, развиеност на пазарот на капитал, заштита на правата на акционерите) услови кои го определуваат конкретниот модел на корпоративно управување
  • Англосаксонски и континентален модел на корпоративно управување и нивни основни карактеристики
  • Трендови на развој на современото корпоративно управување и можности за конвергенција на различните модели на корпоративно управување
  • Правно уредување на корпоративното управување (споредбено-правна анализа)
  • Корпоративното управување воРепублика Северна Македонија на општо ниво и по специфични дејности – осигурување, банкарство
  • Рангирање на корпоративното управување
  • Улогата на институционалните инвеститори во корпоративното управување

Корпоративно управување – предметна програма 2022/23