Бизнис етика

Наслов на наставниот предметБизнис етика
Код CFM 517
ПрофесорПроф. д-р. Леонид Наков
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на методолошката и емпириска настава, студентите треба да бидат способни да:

  1. Ги осознаат финансиските етичките теории, дилеми и пристапи, критички да се оспособат за подготвување и донесување на етични финансиски одлуки,
  2. Ги откријат елементите на финансиската етика и етичките дилеми со кои се судрува менаџментот во деловното одлучување,
  3. Се оспособат за методологијата за анализа на степенот на етичност на финансиските субјекти, низ примена на меѓународните стандарди на бизнис етиката, особено од ЕЅ, Белика Британија и САД,
  4. Ги разграничуваат менаџерската од деловната етика, особено во различните фази на процесот на управување со етичкото однесување,
  5. Ги разберат кодексот на етика и етичките стандарди во финансискиот сектор, со цел нивно јасно разграничување од легислативната рамка и профитни тенденции на процесот на одлучување,
  6. Ги идентификуваат обврските на менаџерите во финансискиот сектор во однос на нивната општествена одговорност, според прифатениот концепт на таа одговорност,
  7. Ги согледувааат и вреднуваат современите етични перспективи во деловното однесување на финансиските институции, како и етичките истражувачки иновации (транспарентност, обелоденување, поткуп/изнудување, идентитет, интегритет вкрстена етичка аналитичка рамка).

Содржина на предметната програма:

  1. Карактер и елементи на финансиската етика
  2. Етичко однесување и управување со етичкото однесување во финансискиот сектор
  3. Етичка методологија во финансиските институции
  4. Менаџирање со финансиското етичко однесување
  5. Содржина на етичките промени во финансискиот менаџмент
  6. Етиката и општествената одговорност со финансиските институции
  7. Кодекс на етика во современиот финансиски менаџмент
  8. Современи перспективи и иновации на финансиската етика

Бизнис етика – предметна програма 2022/23