Наслов на наставниот предмет | Сметководство на менаџментот и контрола |
Код | CFM 518 |
Професор | Проф. д-р Марина Трпеска |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршување на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
- Да ја разберат стратегијата на компанијата и нејзината важност за исполнување на целите и носење деловни одлуки
- Да ја применуваат верижната анализа при определувањето на цените
- Да ги споредат граничниот и апсорпциониот метод за определување на трошоци како систем за известување за добивката и вреднување на залихите
- Да ги објаснат потешкотиите и импликациите од примената на целна цена во производствените и услужните дејности и да сугерираат како може да се затвори јазот на целна цена
- Да го имлементираат и интерпретираат определувањето на трошоци врз основа на активности
- Да го објаснат потеклото на throughput сметководството како “супер варијабилен метод“ и теоријата на ограничување
- Да можат да формираат трансферни цени
- Да ги разберат и имплементираат системите на сметководството на менаџментот за стратегиско планирање
- Да применуваат и утврдуваат бенџмаркинг
- Да ги осознаат и применуваат техниките на управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловните процеси
- Да ги разберат и применат системите на сметководството на менаџментот за мерење на резултатите и контрола.
Содржина на предметната програма:
- Стратегиското сметководство во функција на деловното одлучување
- Верижна анализа на вредноста за оценка на конкурентската предност и сметководство на животниот циклус на производот
- Трошочни системи за известување на добивката и вреднувањето на залихите
- Целната цена како стратешка опрелба
- Сметководството на активности во функција на определување на цена на чинење
- Супер варијабилен метод (throughput accounting) и теорија на ограничувања како методи за утврдување на цената и мерење на добивката
- Стратегиско сметководство на менаџментот во функција на определување на трансферна цена (интерни цени)
- Сметководство на менаџментот за стратегиско планирање
- Употреба на бенџмаркинг како најдобри практики
- Управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловни процеси
- Стратегија и рамка на урамнотежени перспективи, вклучувајќи финансиски и нефинансиски мерила (Balanced Scorecard)
Сметководство на менаџментот и контрола – предметна програма 2022/23