Наслов на наставниот предмет | Економска анализа за бизнис лидери |
Код | CFM 519 |
Професор | Проф. д-р Предраг Трпески |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на овој предмет, студентот треба:
- да разбере како рационалниот потрошувач носи економски одлуки;
- да ги разбере основните економски проблеми на понудата и побарувачката со кои се соочуваат менаџерите на организациите;
- да ги препознае карактеристиките на различните пазарни структури;
- да размислува стратешки за тоа како да се зголеми вредноста на организацијата;
- да го разбере и објасни начинот на функционирање на пазарите на фактори на производство;
- да ги разбере улогата на државата во регулирање на основните домени на пазарен неуспех;
- да биде способен да го анализира создавањето на бруто домашниот производ;
- да ги разбере основните детерминанти на економски раст на долг рок;
- да ги разбере основните причини за рецесии;
- да ги разбере, анализира и дискутира економските политики.
- да ги разбре, толкува и анализира клучните макроекономски показатели.
Содржина на предметот:
Микроекономија Дел 1: Tеорија за избор на потрошувачот
1. Корисност и реткост
2. Максимизирање на корисноста
Дел 2: Анализа на побарувачката и понудата
3. Пазарен механизам
4. Еластичност на понуда и побарувачка
Дел 3: Теорија на производство
5. Форми на организација
6. Производство и трошоци
Дел 4: Пазарни структури
7. Конкурентни пазари
8. Имперфектна конкуренција
Дел 5. Пазари на фактори на производство
9. Пазари на труд и капитал.
Дел 6. Држава и бизнис
10. Пазарен неуспех
11. Регулација на пазар
Mакроекономија Дел 7: Основни макроекономски категории
12. Агрегатна понуда и побарувачка
13. Бруто домашен произво
14. Невработеност и инфлација
Дел 8: Економски раст
15. Извори на економски раст
16. Економски циклуси
Дел 9. Пари и банки
17. Кредитна мултипликација
Дел 10. Потрошувачка, штедење и инвестиции
18. Функција на потрошувачка и штедење
19. Инвестиции
Дел 11: Макроекономски политики
20. Фискална и монетарна политика
Економска анализа за бизнис лидери – предметна програма 2022/23