Менаџмент во осигурувањето

Наслов на наставниот предметМенаџмент во осигурувањето
Код CFM 522
ПрофесорПроф. д-р Игор Ивановски
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

поседуваат напредни и апликативни знаења и вештини за осигурувањето како специфичен процес за идентификување, квантифицирање, превземање, трансфер и обештетување на ризикот • да се стекнат за напредни и апликативни знаења за глобалната и националната осигурителна индустрија • да се обучат за управување со осигурителните производи во неживотното и животното осигурување и реосигурување • Да стекнат со напредни знаења, компаративни искустав и најдобри практики за корпоративните стратегии и модели во осигурителната индустрија и со неа поврзаните индустрии • да стекнат апликативни менаџерски знаења и способности за управување и работа во осигурителните компании и интермедијари, пензиските друштва и здравствените фондови, како и со институциите со надлежност за регулација и супервизија на осигурувањето, здравственото, пензиското и капитално финансираното пензиско осигурување.

Содржина на предметната програма:

  1. Основни елементи и функции на осигурувањето
    • Управување со ризик во осигурувањето
    • Концепт и механизам на осигурување
    • Технички основи на осигурувањето
  2. Функции на осигурувањето
    • Микроекономски функции на осигурувањето
    • Макроекономски функции на осигурувањето
    • Интеракции на осигурувањето во финансискиот систем
  3. Видови, напредни елементи и операции во осигурувањето
    • Неживотно осигурување
    • Животно осигурување
    • Реосигурување
    • Пензиско осигурување
    • Капитално финансирано пензиско осигурување
    • Здравствено осигурување
  4. Организација и институции на осигурителната индустрија
    • Осигурителни компании
    • Осигурителни интермедијатори и дистрибутивни канали
    • Регулација и супервизија на осигурителната индустрија
    • Пензиски фондови и пензиски друштва
    • Регулација и супервизија на пензиските системи
    • Фондови за здравствено осигурување
  5. Управување со осигурителни фондови
    • Модели на корпоративно управување во осигурителните фондови
    • Корпоративни стратегии за ризик во осигурувањето
    • Менаџерски аспекти во управувањето со понудата и побарувачката на осигурителни производи
    • Аспекти на деловната етика во осигурувањето
    • Управување со иновациите во осигурителната индустрија
  6. Маркетинг во осигурувањето
    • Улогата на маркетингот во осигурителната култура и активност
    • Апликација на технолошките аспекти во маркетингот во осигурувањето
  7. Практични случаи(студии на случај) во осигурителната индустрија

Менаџмент во осигурување – предметна програма 2022/23