Наслов на наставниот предмет | Странските директни инвестиции и глобалните синџири на вредноста |
Код | EDF 530 |
Професор | Проф. д-р Ирена Кикеркова |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на предметот, студентите треба:
- да владеат со најновите теории од областа на меѓународното движење на капиталот во вид на странски директни инвестиции (СДИ);
- да го разберат теоретскиот концепт и практичните аспекти на делувањето на транснационалните корпорации (ТНК) како доминантни инвеститори на капитал во вид на СДИ во глобалната економија, а со тоа и како носители на глобализациските текови;
- да бидат способни да извлекуваат соодветни аналитички и логични заклучоци во смисла на раздвојување на поимите транснационални и мултинационални компании не само од терминолошки туку и од суштински аспект;
- да го сфатат концептот, суштината, сличностите и разликите меѓу глобалните синџири на снабдување и глобалните синџири на вредноста;
- да бидат способни да го елаборираат занчењето и важноста на вклучувањето на малите и на средните претпријатија од економиите-увозници на капитал во вид на СДИ во глобалните синџири на вредноста;
- да се оспособат за критичко размислување и носење на релевантни заклучоци за позитивното и негативното влијание на СДИ врз економската структура, билансот на плаќањата и долгорочниот економски раст и развој на економиите – увозници на СДИ;
- да сфатат зошто во современото меѓународно окружување за долгорочно стекнување на поволни позиции во меѓународната економија од посебно значење е не само активното учество во увозот на капиталот туку и во извозот на капиталот во вид на СДИ;
- да се стекнат со најнови информации за улогата и значењето што слободните економски зони ја имаат во меѓународното движење на капиталот во вид на СДИ и во глобалните синџири на вредноста.
Содржина на предметната програма:
- Дефинирање на поимите: транснационални компании, странски директни инвестиции и глобализација
- Теории за СДИ
- Мотиви за извоз на капитал во вид на СДИ
- Мотиви за увоз на капитал во вид на СДИ
- Противречностите на одобрувањето погодности (incentives) за зголемување на атрактивноста на националната економија за СДИ
- Анализа на современите текови на СДИ во глобалната економија – најголеми извозници и извозници на капитал по региони, по дејности и најголеми ТНК;
- Индикатори и начини на мерење на транснационализацијата и на вкупното економско влијание што се остварува со движењето на капиталот во вид на СДИ
- Глобализацијата и поимот на глобалните синџири за снабдување
- Глобални синџири на снабдување vs глобални синџири на вредноста
- Глобализација vs регионализација ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ – ЕДНОГОДИШНИ СТУДИИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
- Најнови сознанија за улогата и влијанието на слободните економски зони врз движењето на капиталот во вид на СДИ