Наслов на наставниот предмет | Економија и политики на дигитализација |
Код | EDIF 550 |
Професор | Проф. д-р Борче Треновски |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Наставата треба да овозможи концептуално оспособувањe за анализа на теоретските и практичните импликации на современите процеси на дигитализација и автоматизација во светот и фундаменталните пристапи во економските политики поврзани со дигитализацијата. Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- ги разберат процесите на автоматизација и дигитализација и како тие процеси радикално ги менуваат нашите животи, начини на работа и односи;
- го разберат значењето на четирите индустриски револуции за глобалната економија и нивното влијание врз човековиот развој;
- ги анализираат можностите и заканите на Четвртата индустриска револуција во поглед на компјутеризација на преработувачката индустрија и опремувањето на производството со највисока технологија;
- го следат унапредувањето на компјутерската моќ и развивањето на информатичката технологија во поглед на капацитетот на компјутерската меморија и количеството дигитални информации што можат да се пренесат преку фибер-оптички кабли;
- ги следат извонредните технологии на новата дигитална ера и условите што ги создаваат – од вештачка интелигенција преку биотехнологии, напредни материјали па сè до квантни компјутери
- да го разберат значењето на технологиите за општа намена во забрзувањето на економскиот напредок;
- ги разберат теоретските концепти (теориите) и нивната еволуција во објаснувањето на природата и процесите на дигитализација;
- ги разберат доминантните стратегии на дигитализација во светот.
- ја анализираат важноста на одделните политики поврзани со дигитализацијата на општеството и импликациите од нивната примена;
- ги истражуваат интеракциите на дигитализацијата и економскиот раст;
- ги истражуваат влијанијата на новите технологии врз пазарите на труд, работењето на фирмите и функционирањето на државата;
- бидат свесни за слабостите на дигитализацијата и заканите што ги носи врз целокупното општество;
- ги истражуваат меѓународните искуства од примената на различни политики на дигитализација, иновации и претприемништво;
- ги анализираат импликациите од примената на политиките за дигитализација во Република Северна Македонија.
Содржина на предметната програма:
- Вовед – Што претставува дигитализацијата?
- Историски контекст – Четирите индустриски револуции и нивниот придонес кон глобалната економија
- Моќта на информатичката технологија
- Карактеристики на новите дигитални технологии и индустрии
- Принципи и концепти на дигитализацијата
- Теории и модели на дигитализацијата
- Стратегии на дигитализацијата
- Политики на дигитализацијата
- Дигитализацијата и економскиот раст
- Слабости и закани на дигитализацијата
- Политики на дигитализација во избрани развиени земји и земји во развој
- Политики на дигитализација во Република Северна Македонија
Економија и политики на дигитализацијата – предметна програма 2022/23