Методи на научно-истражувачка работа во економијата и бизнисот

Наслов на наставниот предметМетоди на научно-истражувачка работа во економијата и бизнисот
Код EDIF 590
Професорпроф. д-р Весна Буцевска
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компeтенции):

По завршувањето на наставата и совладувањето на материјата, студентите треба да се стекнат со продлабочени знаења од областа и да се способни да ги објаснат:

  1. суштинските артибути на науката и на научно – истражувачката работа и значењето на спознаените вистини, т.е. научни законитости;
  2. фазите на истражување во науката, а во тој контекст значењето на концептите: теорија, модел, хипотеза, тестирање на хипотези;
  3. строгите процедури на научниот метод и спецификите на научната методологија во општествените и посебно во економските науки;
  4. вообичаените научни методи кои ги користат општествените, а во тој контекст и економските науки: опсервација, дескрипција, анализа и синтеза, индукција и дедукција, , компаративна анализа, историско – логички метод;
  5. квантитативните методи на економската анализа – математички, статистички и економетриски;
  6. основните компоненти на статистичката и економетриската анализа на економските појави
  7. Претпоставките и компонентите на класичниот регресионен модел
  8. различните степени на стручни и научни дела со посебен осврт на методологијата и техниките на изработка на магистерски и докторски трудови

Содржини на наставната програма

  1. Суштински карактеристики на науката и на научно – истражувачката работа
  2. Особената природа на општествените науки со посебен осврт на економските науки
  3. Основни модели во современата економска наука (модел на префернции и избор на потрошувачот, модел на максимизација на профит на фирмата при различни пазарни структури) – математичка формулација
  4. Научни методи и научна методологија: -фази на истражување во науката (опсервација, хипотеза, модел, теорија, откривање на закони) -општи научни методи – анализа и синтеза, индукција и дедукција, апстракција, историски метод, логички метод, компаративен метод,
  5. Статистичка методологија на истражување на економските појави – општи аспекти
  6. Економетриска методологија на истражување на економските појави – општи аспекти
  7. Класичен регресионен економетриски модел
  8. Методологијата и и техниките на изработка на магистерски и докторски трудови
Методи на научно- истражувачка работа – предметна програма 2022/23