Основи на економијата

Наслов на наставниот предметОснови на економијата
Код ECN 110
ПрофесорПроф. Д-р Владимир Филиповски
Проф. Д-р Предраг Трпески
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

После завршувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да објаснат: 

  • Зошто економијата е наука за тоа како луѓето и општествата избираат да ги алоцираат ретките ресурси и како пазарните економии го решаваат централниот економски проблем  
  • Како во услови на пазарна економија портошувачот ја максимизира корисноста, и како фирмата носи одлуки за производството и продажните цени со цел да го максимизира профитот, при тоа функционирајќи во различни пазарни структури; 
  • Како функционираат пазарите на факторите на производство, и кои се спефичните карактеристики на побарувачката и понудата на различни фактои на производство: труд, капитал, земја и претприемништво; 
  • Каква е улогата на државната регулација на бизнисот во врска со корегирањето на неуспесите на пазарот. 
  • Што претставува основниот макроекономски модел: агрегатна побарувачка, агрегатна понуда и рамнотежен реален бруто домашен производ. 
  • Како се дефинираат и мерат основните макроекономски агрегати, вклучувајќи ги: бруто домашниот производ; инфлацијата; невработеноста; штедењето; инвестициите, девизните курсеви и сл.  
  • Какви се меѓузависностите помеѓу макроекономските агрегати 
  • Што претставува долгорочниот економски раст, како истиот се мери и кои се детерминантите/факторите на економскиот раст.  
  • Што е тоа бизнис циклус и како се движат макроекономските агрегати во текот на бизнис циклусот.  
  • Кои се целите и инструментите на монетарната политика, посебно кога истата се користи како макростабилизациона политика. 
  • Кои се целите и инструментите на фискалната политика, посебно кога истата се користи како макростабилизациона политика.  
  • Кои се основните аспекти на меѓународната економија: меѓународна трговија и инвестиции; економски ефекти на царините и квотите; биланс на плаќања; девизен курс ин неговите детерминанти.
  • Кои се доминантните школи на мислење во рамките на современата макроекономија.

Содржина на предметната програма: 

Економијата како наука: дефиниција, методологија, основни принципи на економското размислување.

Принципи на микроекономијата:

  • Побарувачка, Понуда и Пазарна рамнотежа. Теорија на изборот на потрошувачот. Теорија на производството. Трошоци на производството. Совршена конкуренција. Несовршена конкуренција: Монопол, Олигопол. Пазари на факторите на производство (Капитал; Земја; Претприемништво). Пазарот на трудот и наемнините. Државата и бизнисот: Неуспесите на пазарот и државната регулација (Јавни Добра; Екстерналии; Асиметрични информации; Природни монополи; Комерцијални монополи).

Принципи на макроекономијата:

  • Основен макроекономски модел: Агрегатна побарувачка; Агрегатна понуда; и Макроекономска рамнотежа. Мерење на макроекономската активност и макроекономските агрегати: бруто домашен производ, инфлација, невработеност. Агрегатна потрошувачка.  Агрегатно штедење. Агрегатни инвестиции.  Долгорочен економски раст и негови фактори. Деловни циклуси. Пари и банкарство.  Невработеност и инфлација. Фискална политика. Монетарна  политика. Меѓународна економија: основни аспекти (Меѓународна трговија и меѓународни текови на капитал. Економските ефекти на царините и квотите. Биланс на плаќања. Девизен курс и неговите детерминанти.) Школи на мислење во рамките на современата макроекономија (Неокејнзијанци. Нови кејнзијанци. Монетаристи. Нова класична политичка економија. Теорија на реални бизнис циклуси.)
Основи на економијата – предметна програма 2022/23