Основи на сметководство

Наслов на наставниот предметОснови на сметководство
КодАCC 110
ПрофесорПроф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска Проф. д-р Марина Трпеска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Ги осознаат потенцијалните корисници на сметководствените информации и основните модалитети во екстерното и интерното известување;
  • Се здобијат со задоволителни сознанија за основните принципи во сметководството и начинот на нивното имплементирање;
  • Се  запознаат со базичните финансиски извештаи, односно билансот на состојбата, биласнот на успехот и извештајите за паричните текови и информациите кои секој од нив ги нуди на потенцијалните читатели на извештаите;
  • Ги совладаат основните техники на книжење на средствата, обврските и капиталот преку примена на сметководствената равенка;
  • Се запознаат со сметководственото евидентирање на приходите и расходите, како составни компоненти на билансот на успех;

Содржина на предметната програма:

  1. Сметководство во деловното планирање;
  2. Анализирање и евидентирање на трансакции;
  3. Корективни книжења во финансиските извештаи;
  4. Комплетирање на сметководствен циклус;
  5. Сметководство за трговски организации;
  6. Залихи;
  7. Измами, интерни контроли и парични средства;
  8. Побарувања;
  9. Нетековни средства;
  10. Тековни обврски;
  11. Долгорочни обврски;
  12. Капитал.

Основи на сметководство – предметна програма 2022/23