Наслов на наставниот предмет | Математика за економисти |
Код | MST 110 |
Професор | Проф. д-р Игор Ивановски Проф. д-р Виолета Цветкоска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:
- да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на основните и напредните математички постапки и методи при решавањето на бројни проблеми од економската теорија и практика.
- да развијат квантитативно аналитичка способност, за понатамошно учество во практични истражувања, од аспект на квантитативното изразување на појавите и проблемите од економската теорија и пракса
- да бидaт способни за ефективно совладување и развивање на наставната програма во следните предмети, пред се во делот на апликативната економија и квантитативните процеси на макро и микро ниво да се стекнaт со конкретна и апликативна способностзадлабинско и
- холистичкоквантитативноанализирање и изградба на логички инструментариум за решавање на сложените проблеми.
- да се стекнат со знаења за континуиран систем за емпириска интерпретација на економските податоци и резултати
Содржина на предметната програма:
Предметот овозможува осознавање на основните теоретски и апликативните знаења и концепти за низите и редовитеконцептот на гранична вредност, основите на комбинаториката, биномни и триномни серии, изучување на апликацијата на класичната и статистичката веројатност, елементите на линеарната алгебра и векторската анализа, интегрираните аспекти на калкулусот во делот на анализата на мултиваријабилните функции преку изучување на дериватите и неопределените и определените интеграли и апликацијата на развивањето на Маклореновиот и Тејлоровиот ред, како и воведните знаења за емпириско дефинираните функции (со линеарна, логаритамска, експоненцијална, параболична и хиперболична зависност), апликацијата на концептот на простото вкаматување во економијата и особено на имплементацијата на сложеното дискретно(декурзивно и антиципативно) и континуелното вкаматување во долгорочните финансиски операции, преку изучување на концептот на идна и дисконтирана вредност, периодичните вложувања и периодични ренти и моделите на кредити, со различните комбинации на декурзивно и антиципативно вкаматување и еднакви и заокружени ануитети.