Статистика за бизнис и економија

Наслов на наставниот предметСтатистика за бизнис и економија
КодMST 120
ПрофесорПроф. д-р Калина Треневска-Благоева
Проф. д-р Драган Тевдовски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма(компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

  • Да ја разберат појмовната определеност и значењето на статистичката терминологија;
  • Да бидат способни да ја употребуваат дескриптивната анализа при анализата на податоците;
  • Да бидат способни да ја користат веројатноста и случајните променливи во решавањето на бизнис проблемите;
  • Да го разбираат статистичкото заклучување кое што претставува основа за интерпретирање на резултати и донесување на бизнис одлуки;
  • Да бидат способни да ги користат корелацијата и простата и повеќекратната регресија;
  • Да ги знаат основите на анализата на варијансата;
  • Да ги разбираат основите на индексните броеви и методите за анализа на временскитесерии.

Содржина на предметната програма:

Предметот овозможува разбирање и совладување на основите на статистиката. Тој има за задача да ги оспособи студентите да ги користат основните статистички методи при решавањето на економски и бизнис проблеми. Со аплицирање на статистичката методологија студентите мошне успешно ќе ги спознаваат, откриваат и експлицираат законитостите и односите помеѓу економските појави и феномени. Предметната програма е конципирана идентично со предметните програми по статистика за бизнис и економија на светски реномираните универзитети. Ги опфаќа следните делови:

  1. Вовед;
  2. Дескриптивна анализа;
  3. Случајна променлива и распореди на веројатноста;
  4. Статистички примерок;
  5. Статистичко оценување;
  6. Тестирање на статистички хипотези;
  7. Анализа на варијанса;
  8. Хи-квадрат тест;
  9. Проста праволиниска регресија и корелација;
  10. Повеќекратна праволиниска регресија и корелација;
  11. Индексни броеви;
  12. Анализа на временски серии.

Статистика за бизнис и економија