Бизнис етика

Наслов на наставниот предметБизнис етика
КодMGT 120
ПрофесорПроф. д-р. Леонид Наков
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на методолошката и емпириска настава, студентите треба да бидат способни да:

  1. Ги осознаат етичките теории и пристапи, критички да се оспособат за подготвување и донесување на етични бизнис одлуки,
  2. Ги откријат бројните етички дилеми со кои се судрува менаџментот во бизнис одлучувањето,
  3. Ги разграничуваат менаџерската од бизнис етиката, особено во различните фази на процесот на управување со етичкото однесување
  4. Ги разберат Кодексот на етика и етичките стандарди, со цел нивно јасно разграничување од легислативната рамка на процесот на одлучување,
  5. Ги идентификуваат обврските на менаџерите и на фирмите во однос на нивната општествена одговорност,
  6. Ги идентификуваат современите етични перспективи во бизнис однесувањето и етичките истражувачки иновации (транспарентност, обелоденување, поткуп/изнудување, идентитет, интегритет вкрстена етичка аналитичка рамка)

Содржина на предметната програма:

  1. Карактер на бизнис етиката
  2. Етичко однесување
  3. Управување со етичкото однесување
  4. Содржина на етичките промени во менаџментот
  5. Етиката и општествената одговорност
  6. Кодекс на етика
  7. Современи перспективи на деловната етика

Бизнис етика – предметна програма 2022/23